11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТевез го реши аргентинското Суперкласико (видео)

Тевез го реши аргентинското Суперкласико (видео)

boca-696x391

Бока Јуниорс го победи Ривер Плејт со 4:2 во 240-то Суперкласико, одиграно во рамките на 13-то коло во аргентинската Примера.

Гостите до големата победа стигнаа со пресврт во второто полувреме, а херојот на триумфот е Карлос Тевез кој постигна два гола.

Инаку, Бока стигна до водство со голот на Боу на асистенција на Тевез во 14.минута, но до крајот на полувремето Ривер направи пресврт со головите на Дриуси и Алари.

Во вториот дел Бока направи целосен пресврт, најпрвин екс напаѓачот на Јунајтед и Сити, Карлос Тевез, постигна два гола за предност на Бока 3:2, а победата ја потврди Сентурион со голот постигнат во судиското надополнување на времето.

Со оваа победа Бока се искачи на лидерската позиција на табелата со 28 бодови, а Ривер е на деветтото место со девет бодови помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП