22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМинималец на Челзи, кикс на Ливерпул (видео)

Минималец на Челзи, кикс на Ливерпул (видео)

liverpool

Челзи се зацврсти на лидерската позиција во Премиерлигата откако со минималне резултат славеше над ВБА, додека Ливерпул повторно киксираше со нерешените 2:2 со Вест Хем. Во дербито Јунајтед со 1:0 славеше над Тотенхем.

Челзи се мачеше со ВБА, а победникот го реши првиот стрелец во лигата Диего Коста со голот во 72. минута.

Минимален триумф забележа и Манчестер Јунајтед во дуелот со Тотенхем. Дербито го реши Мхитаријан во 22. минута. Eрменецот го постигна деби голот за Јунајтед во Премиерлигата.

За разлика од Челзи, Ливерпул не успеа да ги освои трите бода против Вест Хем. Тимот на Клоп постигна гол по само пет минути игра преку Лалана, но до кајот на полувремето „чеканите“ направија пресврт преку Пајет и Антонио. Конечните 2:2 ги постави Ориги во 48. минута, по големата грешка на голманот Рендолф.

Челзи е лидер во Премиерлигата со 37 бодови, три повеќе од Арсенал и шест од Ливерпул. Следуваат Манчестер Сити со 30, Тотенхем со 27 и Манчестер Јунајтед со 24 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП