23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо негира дека затајувал данок

Роналдо негира дека затајувал данок

ron38844

Португалецот преку соопштение преку агенцијата „Гестифуте“, објави дека минататa година заработил 227,3 милиони евра, откако беше обвинет дека споменатиот износ го префрлил во „даночниот рај“ на британските Девствени острови.

„Гестифуте“, чиј сопственик е менаџерот Жорж Мендеш, кој ги застапува правата на Роналдо, преку документ открива дека Португалецот не избегнувал плаќање данок, односно документот покажува дека надвор од Шпанија заработил 203,7 милиони евра, а во Шпанија заработката изнесувала 23,5 милиони евра.

„Фудбалерот повеќе нема да одговара на прашањата поврзани со оваа тема. Докажавме дека Роналдо и неговите застапници соработуваат со властите и работат според законот“, стои во соопштението на агенцијата.

Порталот Football Leaks објави дека Роналдо ги користел државите кои имаат пониски даноци за да присвои повеќе пари од мултинационалните компании со кои склучувал договори.

danok-ronaldo330

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП