4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп на Македонија: Вардар-Шкендија финале пред финалето

Куп на Македонија: Вардар-Шкендија финале пред финалето

makkup-000

Вардар и Шкендија ќе се сретнат во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, додека во второто полуфинале ќе играат Пелистер и Брегалница, одлучи жрепката која беше извршена денеска во седиштето на ФФМ.

Финале пред финалето може да се нарече дуелот во полуфиналето на домашниот Куп помеѓу најголемите фаворити за освојување на трофејот.

Актуелниот шампион и лидер во првенството по есенскиот дел, екипата на Вардар, ќе ја пречека Шкендија на 1-ви март, додека реваншот кај бранителот на трофејот во Тетово ќе се одигра на 19-ти април.

Втората полуфинална двојка ја формираа Брегалница и Пелистер. Првиот меч ќе се одигра во Штип, а реваншот ќе биде во Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП