3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОWADA: Повеќе од 1.000 руски спортисти биле под допинг

WADA: Повеќе од 1.000 руски спортисти биле под допинг

doping-test

Завршниот дел на извештајот на Светската анти-допинг агенција (WADA), на авторот Ричард Мекларен, подразбира дека допингувани биле и спортисти кои на на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година и освоиле четири медали, како и петмина натпреварувачи кои на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година, освоиле медали.

Во извештајот се наведува дека спортистите не делувале самостојно, туку биле дел од државната програма.

„Ова е афера од невидени размери, чија стратегија била Русија да освои што е можно повеќе медали“, ја пренесува изјавата на Мелкарен британскиот сервис BBC.

WADA претходно побара од Меѓународниот олимписки комитет суспензија на сите руски спортисти, но тоа барање беше одбиено.

Одделни меѓународни федерации суспендираа спортисти од Русија од некои натпреварувања. Руските атлетичари не може да учествуваат на Европското првенство и Олимписките игри, а во Рио де Жанеиро не му беше дозволено учество на целиот руски параолимписки тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП