Напаѓачот на Наполи, Аркадијуш Милик, три месеци порано од предвиденото ќе се врати на фудбалските терени. Милик во октомври ги повреди вкрстените лигаменти на коленото, првичните прогнози беа дека тој ќе отсуствува до април, но Кориере дело Спорт, тврди дека тој ќе биде подготвен да се врати во тимот на почетокот на годината.
Аркадијуш Милик, се повреди на квалификацискиот натпревар Полска-Данска, кога ги скина вкрстените лигаменти во коленото. Вообичаена пауза за ваквите повреди е шест месеци, но според лекарите коленото на Милик одлично реагира на терапиите и тој на терените ќе се врати три месеци порано.
Милик бе требало да биде подготвен за дуелот со Милан кој на програмата е на 22.јануари наредната година.
Полскиот репрезентативец во Наполи пристигна од Ајакс како замена за Гонзало Игуаин и веднаш се наметна како прва опција во нападот, до повредата тој постигна седум голови на девет одиграни натпревари.