3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаикон останува во Сити

Маикон останува во Сити

maicon

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Маикон најави дека нема намера да го напушти тимот во текот на летото. Бразилецот дојде во тимот како сериозно засилување, но не успеа да се наметне во стартните единаесет на Роберто Манчини и ретко добива шанса за докажување. Причина за ова се и повредите кои го прогонуваа. Сепак тој е подготвен да се бори за место во тимот од „Етихад“.

„Можам со сигурност да гарантирам дека нема да го напуштам Манчестер Сити. Мирен сум и не ме интересира што пишува по медиумите. Мојата цел е да му помогнам на тимот и да се надеваме дека повредите нема да ми пречат во тоа. Исто така се надевам да си го вратам и местото во националниот тим. Оваа сезона не беше многу добра за мене. Имав доста физички проблеми кои ми попречија да играм повеќе натпревари. Сезоната беше доста тешка, но веќе сум целосно заздравен и подготвен сум да помогнам”, изјави Маикон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП