20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ ја пронајде замената за Бекер?

Ѓоковиќ ја пронајде замената за Бекер?

852886510584990294578e744245455_w640

Новак Ѓоковиќ во вторникот се раздели со својот тренер Борис Бекер, со кого соработуваше три години, а според некои медиуми тој веќе пронашол нов тренер, кој ќе работи со него заедно со Марјан Вајда, кој со српскиот тенисер е веќе една деценија.

Соработката помеѓу Ѓоковиќ и Бекер резултираше со 25 освоени титули, од кои шест на Грен слем турнирите. Во овој период Ѓоковиќ испиша историја успевајќи да освои четири Грен слема во низа на три различни подлоги, подвиг кој засега е единствен во тениската историја.

Разделбата дојде по завршувањето на сезоната, откако Србинот го загуби првото место на АТП листата и уште сега е познато дека баерм до Вимблдон таму ќе биде Енди Мари.

Некои романски и австралиски медиуми објавија дека нов тренер на Ѓоковиќ ќе биде австралискиот тренер Дарен Кејхил, кој во периодот 1985-1995 бил активен тенисер.

Сепак Кејхил многу поголеми успеси постигнал како тренер работејќи меѓудругите со Лејтон Хјуит, Андре Агаси и Енди Мари.

Со Кејхил како тренер Хјуит стана најмладиот, а Агаси најстариот број еден во светскиот тенис.

Кејхил во текот на оваа година ја тренираше Симона Халеп и според медиумите поради договорот со Ѓоковиќ тој нема да ја продолжи соработката со Романката.

Оваа информација самиот Кејхил ниту ја потврид, ниту пак ја демантираше.

„Мислам дека Новак и Борис имаа исклучително добра соработка. Шест Грен слем титули за три години е голем успех. Борис допринесе Новак да стане ментално и физички посилен“, рекол Кејхил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП