15 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.12.2016

Дневен хороскоп 09.12.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Изградете поинакви односи со колегите со цел да ги исполните зацртаните цели. Во љубовта сте некако мрзеливи, нешто не ви е по волја. Мислите дека е доволно само да бидете покрај партнерот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку сте на раководечка позиција обидете се да ги задржите страстите под контрола. Партнерот има малку поголеми очекувања од вас. Обидете се да ги задоволите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Очекувате значителен паричен приход. Инвестирајте во нешто што одамна сте си го замислиле.. Партнерот има огромна доверба во вас. Немојте да го изневерите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Конечно ќе ви се исплати се што сте работеле во изминатиот период. Флертувате каде и да бидете. Уживате во вниманието. Внимавајте, можете да го повредите саканото лице.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не си дозволувајте да се спуштите на некое ниво кое воопшто не и прилега на вашата природа. Вашето живеење станува се подобро но внимавајте да останете на тоа ниво. Финансиската состојба особено ќе ве израдува.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Многу убаво ќе се чуствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. Многу ќе ви користи движење и патување.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Оние кои се занимаваат со администрација ќе наидат на проблеми со средување на документи. Во сериозните врски ќе успеете да ги расчистите недоразбирањата кои ве измачуваа последните денови. Вашата врска е јасна, цврста и сигурна како и секоја друга врска која се базира на искреноста.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сватите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главна причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е денеска да влегувате во конфликти со околината. Ќе морате повеќе да се служите со зборови. Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа. Во семејството ситуацијата е доста мирна благодарение на вашето однесување.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе имате доволно енергија и елан за да можете да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. На работен план ве очекува експанзија како и подршка од претпоставените, а исто така и со финансиската страна ќе бидете задоволни. Слободните ќе уживаат во дружењето со претставници од спротивниот пол, но и оние во врски нема да заостануваат во тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП