18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките на Србија ремизираа со Шведска

Ракометарките на Србија ремизираа со Шведска

8949996705847247e09383023444743_w640

На Европското првенство за ракометарки кое се одржува во Шведска заврши првата фаза во групите А и Б. Пласман во наредната рунда изборија домаќинот Шведска, Србија, Шпанија, Германија, Франција и Холандија.

Во А групата Шпанија во директен дуел за пласман во наредната фаза ја декласира Словенија 30-18. Додека Србија во последната секунда со голот на Лисчевиќ успеа да освои бод против Шведска 30-30.

На табелата во оваа група Србија освои 5, Шведска 3, а Шпанија и Словенија по 2 бода.

Во Б групата репрезентациите кои ги продолжуваат натпреварите освоија по четири бода, односно забележаа по две победи и еден пораз. Во последното коло Холандија славеше над Франција 18-17, а Германија ја победи Полска 23-22.

Распоредот на табелата е Германија, Франција, Холандија сите имаат по четири бода, а Полска без бодови го заврши настапот на Европското првенство.

Во новоформираната Група И Србија и Шведска носат по 3 бода, Германија, Франција и Холандија по 2, а Шпанија во групата влегува без освоен бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП