9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуарез останува во Барселона до 2022 година

Суарез останува во Барселона до 2022 година

566008c422d25_gettyimages494230512

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, во наредните денови ќе го продолжи договорот до 2022 година, потврди првиот човек на клубот Џозеп Марија Бартомеу.

Претседателот на Барселона рекол дека сакал со Суарез да потпише подолг договор, иако Уругваецот за пет години ќе го прослави 35 роденден.

„Договоривме нова соработка со Суарез. Сѐ е завршено, останаа само уште некои ситни детали. Во наредните денови ќе го официјализираме договорот“, рекол Бартомеу.

Суарез во Барселона е веќе две и пол години и со тимот освои по две титули во првенството и Купот и една во Лигата на шампионите.

Уругваецот претходно настапувал за Ливерпул, Ајакс, Гронинген и Насионал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП