23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКашима со пресврт до четвртфиналето на СП за клубови

Кашима со пресврт до четвртфиналето на СП за клубови

kashima

Фудбалерите на јапонскиот шампион Кашима Антлерса го совладаа новозеландскиот Окланд со 2-1, во првиот меч на Светското клупско првенство во Јокохама.

Јапонскиот тим со пресврт избори пласман во четвртфиналето каде за противник ќе го има африканскиот првак Мамелоди.

Окланд по првиот дел водеше со 0-1 со голот на Јужнокореецот Дае-Ворк Ким. Кашима во второто полувреме направи целосен пресврт, најпрвин израмни Шукеи Акасаки, а на три минути до крајот конечните 2-1 ги постави Му Каназаки.

Четвртфиналните натпревари Кашима Антлерса-Мемелоди и Јеонбук (Јужна Кореа) и Клуб Америка (шампион на КОНКАКАФ) ќе се одиграат на 11.декември во Осака.

На истиот стадион на 14.декември ќе се одигра првото полуфинале, во кое првакот на Јужна Америка Атлетико Насионал ќе игра против победникот од мечот Кашима Антлерса-Мемелоди, додека истиот ден во Јокохама европскиот првак Реал Мадрид ќе игра против победникот од дуелот Јеонбук-Клуб Америка.

Натпреварот за третото место и финалето ќе се одиграат на 18.декември во Јокохама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП