10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Ikea се зголеми за 20% во фискалната година

Профитот на Ikea се зголеми за 20% во фискалната година

ikea-zname33

Шведскот синџир за мебел, „Ikea“ забележа рекордна добивка од 4,2 милијарди евра за фискалната 2015-2016 година, која заврши во август. Тоа претставува раст од 20% на годишно ниво благодарение на силнaта продажба.

Продажбата се зголеми со 7,1 проценти до 34,2 милијарди евра за финансиската 2016-та година.

Најголемите пазари на синџирот се Германија, САД, Франција, Велика Британија и Шведска, а Кина е еден од најбрзо растечките.

За десет години прометот на компанијата речиси се дуплира, а бројот на продавниците бележи раст за над двапати. Истовремено „Ikea“ ја развива интернет трговијата, која денес претставува 4% од продажбата.

Во текот на изминатата година синџирот за мебел отвори 12 нови продавници и 19 центри за нарачки во светот. Во следната година групацијата планира да ги отвори своите први продавници во Србија и Хајдарабад, Индија.

„Ikea“ има 389 продавници во 48 земји. Компанијата располага со 43 фабрики кои произведуваат меѓу 10 и 12% од нејзините производи. Останатото се добива од околу 1.000 добавувачи од целиот свет.

Како дел од напорите да се намали јаглеродниот отпад, „Ikea“ има инвестирано 1 милијарда евра во отпорни материјали. Ова вклучува пошумување и компании за рециклирање, обновлива енергија и развој на биоматеријали.

Компанијата наведува дека 71% од енергијата, која ја користела во 2016-та година, била од обновливи извори. Синџирот планира да биде енергетски независна до 2020-та година.

Во исто време „Ikea“ најави дека ќе се прилагодат на растечкото градско население, така што ќе има продавници на повеќе централни локации.

„Рецептот за успех досега беше да градиме прилично големи продавници во не толку централните делови на градовите, но до 2050-та година 70% од населението на планетата ќе живее во градовите“, објаснува извршниот директор на компанијата Питер Агнефјал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП