3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСедми натпревар, седми пораз на МЗТ Скопје во Еврокупот

Седми натпревар, седми пораз на МЗТ Скопје во Еврокупот

dsc_3548-696x524

Кошаркарите на МЗТ и по седмиот одигран натпревар останаа без победа во Европкупот. МЗТ, во средата, загуби од Нижни Новгород 82:97.

Неорганизираната, на моменти и хаотична игра во двата правци, во првото полувреме најавија убедлив пораз на МЗТ. Дека на македонскиот првак не му се пишува добро гостите најавија во првиот период кога создадоа двоцифрена предност (4:14), а првиот период го завршија со 14:26.

Прашањето околу победникот Нижњи го реши во првиот дел по кој стекна 20 поени предност (34:52).

Во второто полувреме Нижњи само го одработи мечот до крај, а во вторите 20 минути ја одржуваше предноста од 14 до 22 поени.

МЗТ натпреварите во Еврокупот ќе ги заврши на 14.декември кога ќе гостува кај Гран Канарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП