4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕврокуп: „Штрковите“ го играат последниот натпревар пред домашна публика

Еврокуп: „Штрковите“ го играат последниот натпревар пред домашна публика

nizni-4400

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, денеска ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во Еврокупот.

МЗТ одамна ги загуби шансите за пласман во следната рунда, во рамките од 9.коло во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат составот на Нижни Новгород, против кој ќе се обидат да ја оствараат првата победа во ова натпреварување.

Управата на клубот реши влезот за овој натпревар кој ќе започне од 19 часот да биде слободен.

Покрај овој меч, во А групата, попладнево ќе играат Лиеткабелис и Гранд Канарија (18 часот).

Слободна во ова коло е екипата на Цедевита.

Табела: Гранд Канарија 5-1, (победи-порази), Цедевита 5-2, Нижни Новгород 3-3, Лиеткабелис 3-4 и МЗТ Скопје А. 0-6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП