21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФантастична игра на Вол, но Вашингтон загуби (видео)

Фантастична игра на Вол, но Вашингтон загуби (видео)

vol333

Плејмејкерот на Вашингтон Визардс, Џон Вол, изминатата ноќ го одигра натпреварот на кариерата во НБА лигата. Вол постигна 52 поени, но не успеа да го спречи поразот на својот тим од Орландо Меџик 116:124.

Џон Вол е еден од најценетите плејмејкери во НБА лигата, а изминатата ноќ го одигра најдобриот меч во кариерата, постигна 52 поени (13/23 за два, 5/8 за три), а придодаде уште осум скока, четири асистенции и три украдени топки.

Белскавата партија на Вол не му помогна на Вашингтон да слави против Орландо, бидејќи од соиграчите само уште Бредли Бил одигра на посакуваното ниво (19 поени).

Орландо до победата го предводеа резервистите: Елфрид Пејтон со 29 поени и девет скокови, односно Џеф Грин со 20 поени.

Њујорк во еден од НБА класиците победи во Мајами 114:103 благодарение на 35-те поени кои ги постигна Кармело Ентони, додека Мајами го предводеше Словенецот Горан Драгиќ со 29 поени. Њујорк ја забележа деветтата победа на последните 12 натпревари.

На другите натпревари Јута славеше против Феникс 112:105, Мемфис ја порази Филаделфија 96:91, Минесота загуби од Сан Антнио 91:105, а Детроит го победи Чикаго 102:91.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП