2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВиндзор 2016: Нови државни рекорди за македонските пливачи

Виндзор 2016: Нови државни рекорди за македонските пливачи

%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%87

На првиот ден од 13-тоСветското првенство во пливање на 25 метарски базени во канадскиот град Виндзор, во квалификациите настапија четири македонски пливачи, кои поставија четири нови државни рекорди.

Анастасија Богдановски на 200 метри слободно исплива државен рекорд 2:01.27 минути и го освои 31.место во конкуренција на 86 пливачки.

Државен рекорд постави и Горазд Чепишевски на 100 метри грбно. Оваа делница тој ја исплива со време 55.98 секунди во конкуренција на 78 пливачи.

Марко Блажевски на 100 метри градно во една трка постави два рекорди. Тој патеката ја преплива со време на нов државен рекорд 1:01.38 минута и го освои 53.место, а трекорд постави и на „свртување“ на 50 метри 28.68 секунди.

Во истата дисциплина Дамјан Петровски постигна време 1:06.14 за 81.место во конкуренција на 100 пријавени пливачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП