19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛудогорец го шокираше ПСЖ, Наполи прв во Б групата, Левандовски го реши...

Лудогорец го шокираше ПСЖ, Наполи прв во Б групата, Левандовски го реши Атлетико (видео)

18838421815847346a419c4577833071_w640

Заврши фазата по групи во Лигата на шампионите во Групите А, Б, Ц и Д. Најнеизвесно пред натпреварите од последното коло беше во Б групата, а на крајот Наполи и Бенфика го освоија првите две места. За изненадувањето се погрижи Лудогорец кој остана непоразен кај ПСЖ и му овозможи на Арсенал да ја избори првата позиција ва А групата.

Арсенал го скрши малерот успеа да победи во Швајцарија кај Базел со 4:1 (хет трик постигна Лукас Перез) и благодарение на Лудогорец да го освои првото место во А групата.

Бугарскиот првак одигра храбро на „Паркот на Принцовите“ два пати водеше, а на крајот Ди Марија се погрижи ПСЖ да остане непоразен, но тоа е слаба утеха за Унаи Емери бидејќи неговиот тим е втор во групата.

Табела: Арсенал 14, ПСЖ 12, Лудогорец 3, Базел 2

Групата Б ја освои Наполи откако во директниот дуел ја совлада Бенфика во Лисабон со 1:2. Бенфика го запиша првиот пораз на домашен терен по десет месеци.

Динамо Киев го декласира Бешикташ со 6:0 и со стил се прости од европските натпревари. Сепак мечот го обележа шкотскиот судија Крег Томпсон кој во 30.минута досуди пенал за домаќинот и го исклучи дефанзивецот на Бешикташ Бек, иако немаше прекршок за пенал.

Динамо на полувреме водеше 4:0, а уште два гола постигна во вториот дел кога црвен картон кај Бешикташ доби напаѓачот Абубакар.

Табела: Наполи 11, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо 5.

Во Ц групата и пред ова коло беше познат пласманот на сите четири позиции. Барселона славеше против Борусија Менхенгладбах 4:0. Меси го постигна 10-от гол оваа сезона во ЛШ, а потоа Арда Туран запиша хет трик.

Манчестер Сити и Селтик, во натпревар кој наликуваше на пријателски одиграа 1:1

Табела: Барселона 15, Сити 9, Борусија 5, Селтик 3

Безвозбудувања мина и дербито во Д групата помеѓу Баерн и Атлетико. Во меч без многу шанси, Баерн ја контролираше играта, а пресуди голот на Левандовски од слободен удар во 28.минута.

Ростов во Ајнховен одигра 0:0 против ПСВ и ја освои третата позиција на табелата. Рускиот тим ќе игра во шеснаесетфиналето во Лига Европа.

Табела: Атлетико 15, Баерн 12, Ростов 5, ПСВ 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП