19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарките Мавсар и Лазовиќ донесоа победа за Словенија, Франција ја совлада Германија

Вардарките Мавсар и Лазовиќ донесоа победа за Словенија, Франција ја совлада Германија

lazovix-696x464

Словенија и Србија ги изненадија фаворизираните селекции, во А групата, Шведска односно Шпанија на Европското првенство за ракометарки. Во Групата Б Франција и Холандија не дозволија изнендувања против Германија и Полска.

Вардаровите ракометарки Тамара Мавсар и Барбара Лазовиќ постигнаа голови за Словенија во последната минута на натпреварот со Шведска, со кои Словенките ја шокираа домашната репрезентација и славеа 25:23.

Триумфот над Шведска беше прв за Словенија на ЕП-а по пауза од 12 години.

Мавсар ја предводеше Словенија со шест гола, Грос постигна пет, додека Гулден кај Швеѓанките беше најефикасна со 10 голови.

Србија по триумфот над Словенија во првото коло, победи и во вториот меч на ЕП. Србинките со 25:23 ја совладаа Шпанија.

Србија со две победи обезбеди пласман во наредната рунда, таму ќе игра и Шведска, додека во последното коло за третото место ќе се борат Словенија и Шпанија.

Во Б групата Франција ја победи Германија 22:20 и ја забележа втората победа на првенството, а Холандија триумфираше над Полска 30:21.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП