28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар и понатаму непоразен, заслужено реми во Веспрем

Вардар и понатаму непоразен, заслужено реми во Веспрем

vardar-696x463

Ракометарите на Вардар ја продолжија серијата без пораз во СЕХА лигата, откако одиграа 28:28 во Веспрем, против шампионот на Унгарија. бодот на Вардар му го донесе Карачиќ кој реализира седмерец на пет секунди до крајот на мечот.

Вардар ја прекина серијата од десет победи во СЕХА лигата, но и понатаму е непоразен по 12 одиграни натпревари.

„Црвено црните“ имаа одлично отворање на натпреварот водство од 4:0 и 5:1, Ангелов ја предводеше одбраната која на Веспрем му дозволи првиот гол да го постигне во седмата минута од седмерец, а првиот гол од игра дури по десет минути.

Сепак, слично како и против Кјелце во неделата, техничките грешки во нападот, беа причината што Вардар не успеа да замине со предност по првите 30 минути, туку му дозволи на домаќинот да воспостави коонтрола врз играта.

Нерешено беше на полувреме, а Веспрем подобро влезе во вториот дел, успеа да направи унгарскиот првак предност од четири гола, а во последните шест минути да влезе во предност од 27:25.

На крајот сепак Вардар заслужено освои еден бод.

Циндриќ со шест и Борозан со пет гола беа најефикасни кај Вардар, додека домаќинот го предводеше Илиќ со шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП