17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро казнет со четири, Фернандињо со три натпревари (видео)

Агуеро казнет со четири, Фернандињо со три натпревари (видео)

a-6_1480962660578

Напаѓачот на Манчестер Сити е казнет со четири, а неговиот соиграч Фернандињо со три натпревари неиграње, поради насилничко однесување.

Аргентинецот и Бразилецот беа исклучени во самиот финиш на натпреварот против Челзи, кој Сити на домашен терен го загуби во саботата со 1:3.

Кун Агуеро доби црвен картон поради бруталниот старт врз Давид Луиз, кој предизвика мешаница на теренот. во таа мешаница Фернандињо го фрли на земја Сеск Фабрегас поради што и тој доби црвен картон.

Агуеро има постигнато десет голови на 12 натпревари во Премиерлигата, односно 16 голови на 19 натпревари во сите конкуренции. Поради суспензијата тој ќе ги пропушти натпеварите со Лестер, Вотфорд, Арсенал и Хал.

Инаку ова е втора суспензија за Агуеро од почетокот на сезоната, тој поради удирање на противнички играч, на дуелот со Вест Хем, во август пропушти три средби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП