Управата на МЗТ Скопје Аеродром како благодарност за поддршката која кошаркарите ја имаа во неделната победа над Будуќност, донесе одлука за бесплатен влез за сите на натпреварот со Нижни Новгород, кој ќе се одигра в среда со почеток во 19 часот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“.
Станува збор за натпревар од 9. коло од Еврокупот, кој воедно е последен дуел за МЗТ на домашен терен во ова натпреварување.
„Воедно, би сакале да ги повикаме сите наши навивачи и симпатизери да дојдат на средбата во среда и да им помогнат на избраниците на тренерот Анте Назор да ја забележат првата победа во Еврокупот. Прикажаната енергија и начинот на кој беше одиграна средбата против Будуќност дава надеж дека доаѓаат подобри денови за МЗТ Скопје Аеродром, но и покажа дека секогаш е многу полесно кога се има ветер в грб од трибините“, се вели во клупското соопштение.