12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБелоти во Торино до 2021

Белоти во Торино до 2021

download-5

Напаѓачот на Торино Андреа Белоти го продолжи договорот со клубот до 2021 година. Откупната клаузула во новиот договор на младиот напаѓач изнесува 100 милиони евра.

Белоти игра во голема форма од почетокот на сезоната, има постигнато 11 голови, а се избори и за место во италијанската репрезентација.

Кариерата овој напаѓач кој наскоро ќе наполни 23 години ја започнал во Албинолефе, а во 2015 година од Палермо се преселил во Торино.

Инаку Торино по 15 рунди во Серија А се наоѓа на седмата позиција со 25 бодови, а во наредното коло ќе игра против градскиот ривал Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП