1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors планира да се прошири во Кина

General Motors планира да се прошири во Кина

GM-China-HQ

Најголемиот производител на автомобили „General Motors“ (GM) има во план да го прошири својот бизнис во Кина, кој подразбира изградба на четири нови фабрики и отварање на 6.000 работни места во текот на наредните три години.

Минатата година GM во Кина продаде 2.8 милиони автомобили, а таа бројка планираат да ја зголемат на пет милиони годишно. Компанијата ќе ги насочи своите работења во секторите на кросовер и луксузните автомобили.

Планот е до 2015-та година да продаваат 100.000 возила од марката „Cadillac“ во споредба со 30.000 единици во 2012-та година. Покрај тоа извозот на автомобили од Кина до споменатиот рок ќе биде зголемен на 300.000 автомобили.

Продажбата на возилата на GM во Кина во првиот квартал од 2013-та година е зголемен за 9.6 проценти или 816.400 автомобили. Се верува дека кинескиот автомобилски пазар во целина оваа година ќе порасне за седум до осум проценти, за разлика од минатата година кога во оваа земја беа продадени 19.4 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП