3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија се пласираше во баражот за СП 2017

Македонија се пласираше во баражот за СП 2017

mkd-r-696x397

Македонските ракометарки ќе играат во баражот за пласман на Светското првенство во 2017 година, откако во последното коло на квалификацискиот турнир, кој се игра на Фарските острови, го совладаа Исланд 27:20.

Избраничките на селекторот Симовски одиграа перфектен меч, а до посакуваната предност стигнаа на 20-тина секунди до крајот кога Ѓеорѓиjевска го постави конечниот резултат.

Инаку, по убедливиот пораз во саботата од Австрија, само победа од седум и повеќе голови разлика им гарантираше пласман во баражот на македонските ракометарки.

На крајот од мечот разликата беше седум во полза на Македонија, а хероина на победата беше Сара Ристовска која постигна 10 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП