22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Вардар четири бода пред Шкендија

ПМФЛ: Вардар четири бода пред Шкендија

remi-protiv-sileks

Фудбалерите на Вардар со четири бода предност ќе заминат на зимската пауза, откако во последниото 18-то коло од есенскиот дел од шампионатот одиграа 1-1 со Силекс. Најблиску до Вардар е Шкендија, која во дербито минимално го совлада Пелистер.

Вардар не успеа да слави против Силекс и да ја задржи предноста од седум бода во однос на Шкендија. Тимот од Кратово постигна гол по само две минути игра преку Филиповски, а резултатот го израмни Фелипе по половина час игра.

Алими стрелаше прецизно во 49.минута и со тој гол Шкендија го победи Пелистер во Тетово.

Резултати, 18.коло:
Шкенсија-Пелистер 1:1
Вардар-Силекс 1:1
Шкупи-Македонија ЃП 0:2
Победа-Ренова 0:2
Брегалница-Работнички 0:0

Табела: 1. Вардар 41, 2. Шкендија 37, 3. Пелистер 29, 4. Работнички 28, 19, 5. Силекс 24 6. Ренова 23, 7. Шкупи 16, 8. Победа 15, 9. Македонија ЃП 15, 10. Брегалница 11.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП