20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКОНМЕБОЛ потврди: Трофејот за Шапикоенсе

КОНМЕБОЛ потврди: Трофејот за Шапикоенсе

1235198124584184d294f0e283480977_w640

Привремениот претседател на Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ), Иван Тозо, потврди дека Шапикоенсе ќе биде прогласен за победник во Копа Судамерикана.

Бразилскиот клуб во вторникот доживеа страшна трагедија, откако во авионската несреќа загинаа 18 фудбалери и тренерот на тимот.

Авионот се урна во близина на аеродромот во Меделин, каде Шапикоенсе требаше да го одигра првиот од двата мече со Атлетико Насионал, во финалето на Копа Судамерикана.

Токму од Атлетико Насионал ја покренаа иницијативата титулата во ова натпреварување да ја освои Шапикоенсе.

„Добивме поддршка од сите федерации, а особено од граѓаните на Шапека. Луѓето во овој град живеат за фудбалот и го сакаат фудбалот. Ние во Шапек ќе тргнеме со изгадба на нов тим. Мора да продолжиме со оваа приказна“, порачале од бразилскиот клуб.

Инаку, бразилските фудбалски клубови ветија дека на Шапикоенсе ќе му помогнат со свои фудбалери, кои ќе ги испраќаат на позајмица, а од Фудбалскиот сојуз на Бразил ветија дека клубот во наредните три години, без оглед на резултатите, нема да може да испадне од лигата.

Шапикоенсе, најверојатно ќе добие место и во Копа Либертадорес, како шампион во Копа Судамерикана би требало да заработи околу седум милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП