9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа програмата е првото Ел класико во новата сезона

На програмата е првото Ел класико во новата сезона

elclasico-01

Најголемото дерби на шапнскиот фудбал, едно од најголемите во светот познато како Ел Класико, дуелот помеѓу Барселона и Реал, ќе се одигра во рамките на 14.коло во Примера.

Големите ривали Барселона и Реал досега имаат одиграно 162 натпревари, Реал има четири победи повеќе (72:68), додека 32 натпревари завршиле без победник.

Во дербито Реал влегува од подобра позиција, лидер е на тбелата со 33 бодови, шест повеќе од Барселона, која не смее да си дозоволи пораз. Реми од друга страна најмнoгу ќе им одговара на конкурентите на двата тима Севилја и Атлетико.

Што се однесува до составите двајцата тренери, Луис Енрике и Зиндин Зидан, се соочуваат со проблеми, иако се чини дека тие се помали кај стратегот на Барселона.

Зидан не може да смета на Бејл и Крос и веројатно на Мората, додека шпанските медиуми пренесуваат дека неизвесен е и настапот на Варан.

Кај Барселона на повреди се пожалија Пике, Иниеста, Умтити и Жорди Алба, но голема е веројатноста дека сите ќе играат. Дилемата на Енрике кој ќе игра на позицијата десен бек и дали Иниеста да стартува од првата минута или не. Доколку реши капитенот да почне од клупата тогаш неговото место ќе го покрие Денис Суарез.

Дербито на „Ноу Камп“ се игра денес со почеток во 16:15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП