17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеднички старт на Македонија, ракометарките победија во Торшван

Победнички старт на Македонија, ракометарките победија во Торшван

mk-rakometarki-696x397

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа стартуваше на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство кој се игра во Торшван, Фарски острови. Македонија во првото коло ја совлада домашната селекција 21:19 (8:8).

Тешка но заслужена победа на македонските ракометарки во Торшван со која ја прекинаа црната серија, во која речиси четири и пол години немаа победа.

Домаќинките пружија достоен отпор, но на крајот победи селекцијата која одигра подобро во одбраната и помалку грешеше.

Најдобар стрелец во македонскиот состав беше Сара Ристовска со шест постигнати погодоци, а Саздовска и Керамичиева реализираа по четири.

Македонските ракометарки денес од 16 часот ќе играат против Австрија која во првиот меч загуби од Исланд 24:28.

Пласман во баражот од оваа квалификациски група ќе изборат репрезентациите кои ќе ги освојат првите две места на табелата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП