3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНико Розберг ја заврши кариерата во Ф1

Нико Розберг ја заврши кариерата во Ф1

Motorsports: FIA Formula One World Championship 2012, Grand Prix of China, #8 Nico Rosberg (GER, Mercedes AMG Petronas F1 Team), *** Local Caption *** +++ www.hoch-zwei.net +++ copyright: HOCH ZWEI +++

Светскиот шампион во Формула 1, Нико Розберг, денеска објави дека се повлекува од формула, затоа што го исполнил својот сон.

Розберг ја објави одлуката за повлекување на својот профил на Facebook, по помалку од една седмица откако ја освои својата прва титула.

„Во 25-те години тркање имав еден сон, единствена `работа` која сакав да станам беше шампион на Формула 1. Со вредна работа, жртва и болка, ја имав само таа цел. И сега го исполнив. Се искачив на својата планина, сега сум на врвот и чувствувам дека тоа е правилно. Во мометнто чувствувам само благодарност кон сите кои ме поддржаа да го остварам својот сон“, напиша 31-годишниот Розберг.

Тој во неделата ја освои титулата откако во Абу Даби беше втор, но тоа му беше доволно на крајниот поредок да биде пред својот клупски колега Луис Хамилтон. Германскиот возач победи во девет трки од 21, колку што има шампионатот.

„Кога победив на Сузука, од моментот кога судбината на титулата беше во моите раце, почна да расте притисокот и тогаш помислував да ја завршам кариерата ако станам шампион. Во неделата во Абу Даби знаев дека тоа може да биде моја последна трка и тоа чувство ми помогна да ја разбистрам главата. Одлуката ја донесов во понеделник вечер. По еден ден размислување одлуката им ја соопштив на (сопругата) Вивиан и на Џорџ (Нолт, од неговиот менаџмент тим). Една работа која ми ја отежнуваше одлуката беше тоа што ја отежнав ситуацијата на моето тркачко семејство, но тие тоа го разбираат“, наведе Розберг.

Напиша и дека сега ќе ужива во моментот и дека дополнително ќе одлучи со што ќе се занимава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП