19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСалах ќе го пропушти римското дерби

Салах ќе го пропушти римското дерби

mohamed-salah-333

Вториот стрелец на Рома оваа сезона, Мохамед Салах, поради повреда ќе го пропушти римското дерби кое ќе се одигра в недела.

Салах на тренингот во средата ги повредил лигаментите на скочниот зглоб.

Репрезентативецот на Египет оваа сезона има постигнато осум гола во Серија А, четири помалку од клупскиот колега Един Џеко кој е водечкиот стрелец во лигата.

Добра вест за тренерот на Рома, Лучано Спалети е враќањето на Томас Вермален, кој од доаѓањето од Барселона, за Рома има одиграно само три натпревари.

Рома по 14 кола се наоѓа на делба на втората позиција во Серија со 29 бодови, четири помалку од лидерот Јувентус, додека Лацио е на четвртото место со 28 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП