23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот загуби од Клиперс, ГС поразен од Хјустон

Шампионот загуби од Клиперс, ГС поразен од Хјустон

James Harden, Andre Iguodala

Шампионот и вицешампионот во НБА лигата, Кливленд и Голден Стејт, како домаќини, претрпеа порази од ЛА Клиперс односно Хјустон.

Натпреварот на денот се одигра во Оукленд, каде Хјустон по две продолженија го победи Голден Стејт 132:127. Хјустон на Голден Стејт му го нанесе првиот пораз по 12 победи, а до триумфот го предводеше Џејмс Харден со трипл дабл учинок од 29 поени, 15 скокови и 13 асистенции.

Покрај Харден уште двајца играчи на Хјустон постигнаа 20 и повеќе поени: Рајан Андерсон (29) и Ерик Гордoн (23).

Инаку, Кевин Дурент реализираше две слободни фрлања на 19 секунди до крајот и обезбеди продолжение за Голден Стејт, а второто продолжение на вицепрвакот му го овозможи Клеј Томпсон.

Дурент го предводеше Голден Стејт со 39 поени и 13 скокови, Стеф Кари постигна 28, Томпсон 15, а на Дрејмон Грин му недостигаше една асистенција за трипл дабл (20 поени, 15 скокови, 9 асистенции).

Во Охајо, ЛА Клиперс го декласира Кливленд нанесувајќи му го вториот пораз во низа. Клиперс славеа со 113:94, а победата ја обезбедија во втората и третата четвртина кога предноста од четири поени ја претворија во позитива од 20 кошеви.

Клиперси го скршија шампионот со тимска игра, во која петмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени: Џеј Џеј Редик (24), Крис Пол (16 поени) Блејк Грифин (13 поени, 11 скокови), Рејмонд Фелтон (12) и Џамал Крофорд (12).

Кајри Ирвинг го предводеше Кливленд со 28 поени, а по 16 постигнаа Леброн Џејмс и Кевин Лав.

На останатите натпревари Шарлот го победи Далас 97:87, Милвоки славеше во Бруклин 111:93, Мемфис победи против Орландо 95:84, а Мајами минимално 111:110 славеше против Јута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП