17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбинот Војводиќ ново засилување на Победа

Србинот Војводиќ ново засилување на Победа

vojvodic

Раководството на Победа го договори второто засилување за продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Нов играч на прилепскиот тим ќе биде српскиот интернационалец, Милан Војводиќ.

По бразилскиот напаѓач Уемерсон Рамон, откако ќе биде комплетираната докумантацијата нов играч ќе стане Србинот, Војводиќ. Станува збор за 23-годишен, офанзивен играч од средниот ред.

Војводиќ бил член на репрезентацијата на Србија за фудбалери до 19 години која под водство на Љубинко Друловиќ ја освои титулата европски првак на шампионатот во Литванија 2013 година.

Роден во Кикинда Војводиќ кариерата ја започнал во ОФК Кикинда, настапувал за Војводина, афирмацијата ја стекнал во Спартак Суботица а настапувал во австрискиот Мос Силц и Сента.

Војводиќ и Рамон се првите од неколкуте засилувања кои се неопходни на тимот за продолжението на првенството и тешката борба за опстанок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП