2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШестмина шпански тенисери уапсени поради сомневање дека местеле натпревари

Шестмина шпански тенисери уапсени поради сомневање дека местеле натпревари

tenis

Шпанската полиција соопшти дека уапсила 34 лица, од кои шестмина биле тенисери, кои се сомничат дека учествувале во местење на натпревари.

Според полицијата уапсените со местеле мечеви на фјучрс и челинџер турнири кои се играле во Шпанија и Португалија и на тој начин заработиле повеќе од 500.000 евра.

Полицијата пронашла докази за обид на местење на 17 мечеви во пет градови меѓу кои се Мадрид, Порто и Севилја. Базата на групата била во Севилја и Ла Коруња, а сите упасени се шпански државјани.

Мечевите биле местени во последните неколку месеци.

Имињата на уапсените тенисери не се објавени, едниствено е соопштено дека тие се наоѓаат помеѓу 800-то и 1000-то место на АТП листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП