13 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија против Португалија, Србија и Шпанија во Б групата на Европското првенство...

Македонија против Португалија, Србија и Шпанија во Б групата на Европското првенство во Полска

aa

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година на Европското првенство во Полска ќе игра во Б групата против Португалија, Шпанија и Србија.

“Ги добивме репрезентациите кои се во најдобрите пет европски селекции според квалитетот на младинскиот национален фудбал. Ова е вистинска можност да се претставиме во уште подобро издание. Македонија заедно со Полска на извлекувањето беше најспоменуваната селекција, а тоа говори за нашиот квалитет. Ќе се бориме и ќе се обидеме одново да ја израдуваме јавноста”, изјави селекторот Благоја Милевски.

bm

Натпреварите во Б групата ќе се играат во градовите Гдањск и Бидгошч, а Македонија во првиот меч ќе игра против Шпанија на 17. јуни, три дена подоцна противник на младите фудбалери ќе биде Португалија, а во последниот меч со Србија на 23. јуни.

Во А групата се домаќинот Полска, бранителот на титулата Шведска, односно Англија и Словачка, а во Групата Ц ќе се натпреваруваат Германија, Италија, Чешка и Данска.

Мечевите од А групата ќе се играат во Лублин и Кјелце, а во Ц групата во Краков и Тичи.

Победниците на групите и најдобрата вторпласирана селекција ќе изборат пласман во полуфиналето.

Европското првенство во Полска ќе се одржува од 16. до 30. јуни наредната година.

mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП