12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШокантни вести од Мадрид: Бејл не се враќа до април

Шокантни вести од Мадрид: Бејл не се враќа до април

3aaa925600000578-0-image-a-3_1479918055863

Вториот најскап фудбалер во историјата на фудбалот, Герет Бејл, нема да се врати во тимот на Реал речиси до крајот на сезоната. Веста која ги шокираша сите во „кралскиот клуб“ ја објави весникот „AS“.

Герет Бејл се повреди на 22.ноември на натпреварот во Лигата на шампионите, против Спортинг во Лисабон. Велшанецот се здоби со повреда на лигаментите на десниот глужд.

Бејл, во средата, ја напуштил болницата каде што бил опериран, а потоа во клубот ја дознале шокантната вест, дека Велшанецот ќе мора да се рехабилитира најмалку четири месеци, а не како што првично објави клубот дека паузата ќе изнесува помеѓу шест и осум недели.

Доколку се остварат овие црни прогнози за Реал, тоа значи дека Бејл ќе пропушти 25 натпревари, почнувајќи од дербито со Барселона, кое на програмата е в сабота. Во Лигата на шампионите крилниот напаѓач ќе може да заигра само доколку Реал обезбеди пласман во четвртфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП