17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекенбауер поврзан корупциски скандал?

Бекенбауер поврзан корупциски скандал?

franc-bekenbauer3335

Кога се чинеше дека корупцискиот скандал поврзан со добивањето на организацијата за домаќин на светското првенство во фудбал во 2006 година ќе биде заборавен, швајцарското обвинителство ја засили истрагата. Истражителите започнале со претреси во домовите на високи функционери, членови на организациониот комитет на СП во 2006 година, меѓу кои е и Франц Бекенбауер.

„Канцеларијата на обвинителот на Швајцарија потврдува дека на 23–ти ноември 2016 година спроведе истрага на домовите, во соработка со федералната полиција (Федпол), на бројни локации, во деловите на земјата каде официјалниот јазик е германскиот“, стои во соопштението.

Најзвучни имиња во оваа истрага се Франц Бекенбауер, легенда на Баерн и германскиот фудбал, односно Урс Линси, поранешен висок функционер на ФИФА кој меѓу 2002 и 2007 година бил и генерален секретар на Светската фудбалска федерација.

Покрај Бекенбауер и Линси, предмет на истрагата се уште двајца членови на организациониот комитет на СП во 2006 година.

Обвинителството се сомнева дека четворицата биле вклучени во измама и перење пари.

Случајот дека Германија со купување на гласови ја добила организацијата на СП во 2006 година прв пат во јавноста се појави во 2015 година, кога весникот Spiegel објави дека организациониот комитет имал таен фонд за купување гласови.

Парите наводно дошле од Роберт Луj-Драјфус, кој во 2000 година бил прв човек на компанијата „Adidas“. Бекенбауер побарал, а тој ги обезбедил парите.

Во процесот Бекенбауер признал дека правел грешки, но ги отфрлил наводите дека со измама Германија го добила Мундијалот во 2006 година.

Посебна истрага поврзана со нерегуларностите околу добивањето на организацијата на споменатиот Мундијал во март година покрена и Фудбалскиот сојуз на Германија.

По истрага беше соопштено дека не постојат конкретни докази дека организациониот комитет купувал гласови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП