21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов трипл дабл за Расел Вестбрук (видео)

Нов трипл дабл за Расел Вестбрук (видео)

rasel-vestbruk38844

Кошаркарите на Оклахома по продолжението го победија Вашингтон 126:115, а Расел Вестбрук во победата запиша нов трипл дабл. Победи во натпреварите кои се одиграа изминатата ноќ забележаа Портланд, Торонто, Лејкерси, Сан Антонио, Феникс, Детроит и Мајами.

Расел Вестбрук продолжи да пишува историја во НБА лигата, откако против Вашингтон го забележа четвртиот трипл дабл учинок во низа, деветти во сезоната и вкупно 46-ти во кариерата.

Против Вашингтон Вестбрук погоди тројка на осум секунди до крајот и го однесе мечот во продолжение, каде со 14 поени ја предводеше Оклахома до 11-та сезонска победа.

Вестбрук мечот го заврши со 35 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Покрај Вестбрук кај Оклахома се истакнаа и Виктор Оладипо кој постигна 25 поени, додека Вашингтон го предводеа Бредли Бил со 35 и Маркиф Морис со 19 поени.

На останатите натпревари Торонто го победи Мемфис 120:105, Бостон загуби од Детроит 114:121, Лејкерси победија во Чикаго 96:90, Минесота загуби од Њујорк 104:106, Сан Антонио во тексашкото дерби победи кај Далас 97:84, Мајами славеше во Денвер 106:98, Феникс триумфираше против Атланта 109:107, а Портланд ја декласира Индијана 131:109.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП