7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПалермо се прости од натпреварите во италијанскиот Куп, тренерот доби отказ

Палермо се прости од натпреварите во италијанскиот Куп, тренерот доби отказ

%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d0%bb

Палермо со поразот на пенали од Специја се прости од натпреварите во италијанскиот Куп. По мечот отказ доби тренерот Роберто Де Зерби.

Палермо продолжи со лошите изданија од почетокот на сеозната, откако не успеа да го мине вторлигашот Специја и да се пласира во осминафиналето во Купот на Италија.

Мечот по 120 минути заврши без голови, а во пенал серијата Специја победи со 4:3. Балог во четвртата и Голданига во петтата серија не беа прецизни од белата точка.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој е единственатат светла точка во очајниот тим на Палермо, нетпреварот го гледаше од клупата за резервни играчи.

Веднаш по натпреварот првиот човек на клубот, Маурицио Зампарини му врачи отказ на тренерот Роберто Де Зерби. Нов тренер на тимот од Сицилија е поранешниот играч на клубот Еугенио Корини.

Инаку покрај Специја, во средата, осминафинале во Купот изборија Аталанта со победата 3:0 над Пескара и Сампдорија која со ист резултат славеше против Каљари.

Претходно во осминафиналето се пласираа Торино, Киево и Чезена, а во четврток ќе играат Џенова-Перуџа и Болоња-Верона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП