15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатастрофален пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Цедевита

Катастрофален пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Цедевита

boutrajt-cedevita-mzt-615x400

Кошаркарите на МЗТ претрпеа уште еден пораз во рамките на Еврокупот. МЗТ катастрофално загуби во Загреб, од Цедевита, 95:61. Поразот во Загреб е шести сезонава, во истот толку натпревари, за македонскиот шампион во Европкупот.

МЗТ во Загреб на Цедевита и парираше само во воведните четири минути, кога водеше 9:4 и 11:6, а се понатаму мина во знакот на домашниот тим.

Целосно фијаско МЗТ доживеа во второто полувреме кое Цедевита го доби со 28 поени разлика.

До крајот на натпреварите во групата МЗТ ќе игра против Нижњи Новгород во Скопје и Гран Канарија во гости.

Против Цедевита Лалиќ (14 поени) и Синовец (10 поени) беа најефикасни во редовите на МЗТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП