20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Вардар победи во Битола

ПМФЛ: Вардар победи во Битола

pelister-vardar

Фудбалерите на Вардар славеа во македонското вечно дерби и ја осигураа есенската титула. Вардар во Битола победи со 1:0.

Актуелниот шампион во Битола пристигна со цел да ги освои бодовите и успеа да ја оствари намерата. Во неквалитетен натпревар, кој неколку пати го прекинуваа битолските навивачи, кои ги гаѓаа судиите со снежни топки, шампионот победи со голот на Фелипе постигнат во деветтата минута.

Триумф во ова коло запиша и најголемиот конкурент на Вардар, екипата на Шкендија. Во тетовското дерби Шкендија ја совлада Ренова со 1:2. решавачкиот гол го постигна најдобриот играч на овој тим Хасани во претпоследната минута.

Минимална победа со која ја продолжи низата на добри резултати забележа Силекс над Шкупи. Единствениот гол го постигна Недељковиќ во 65.минута.

Работнички со головите на Силјановски, Најденов и Ерера славеше над Победа 3:1, додека дербито на дното во Ѓорче Петров, помеѓу Македонија и Брегалница заврши без победник 2:2.

Резултати, 17.коло:
Пелистер-Вардар 0:1
Силекс-Шкупи 1:0
Ренова-Шкендија 1:2
Македонија ЃП-Брегалница 2:2
Работнички-Победа 3:1

Табела: 1. Вардар 40, 2. Шкендија 34, 3. Пелистер 29, 4. Работнички 27, 19, 5. Силекс 23 6. Ренова 20, 7. Шкупи 16, 8. Победа 15, 9. Македонија ЃП 12, 10. Брегалница 10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП