2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДемант на ПСЖ за донацијата од 40 милиони евра

Демант на ПСЖ за донацијата од 40 милиони евра

demant-psg33

Авионската трагедија во која загинаа 18 играчи и тренерот на бразилскиот фудбалски клуб Шапикоенсе и 20 новинари, го обедини спортскиот свет.

Понесени од трагедијата медиумите буквално се тркаа кој ќе објави или прв ќе пренесе информации или порака од социјалните мрежи.

Оваа трагедија уште еднаш покажа дека живееме во ера на пост-вистински вести. Колку информацијата да не е вистината, доколку таа на порталите и социјалните мрежи има половина милион прегледи ќе стане вистина.

Во вторникот беше објавено дека францускиот шампион ПСЖ на бразилскиот тим кој остана без фудбалери решил да му донира 40 милиони евра.

Информацијата беше објавена на Twitter, а угледниот франциски весник Le Parisien, се обиде да ја утврди веродостојноста на оваа информација.

Во клубот добиле одговор дека таквата информациија е измислица, односно дека ПСЖ не донирал никакви пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП