15 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.11.2016

Дневен хороскоп 30.11.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес луѓето нема да ве оценуваат според она што го чувствувате, туку според она што го правите. Не дозволувајте чувствата да ви ги диктираат постапките и бидете колку што е можно понепристрасни. Нема да можете да извадете одреден сон од вашите мисли.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе бидете многу емотивни, па избегнувајте ги нештата кои би можеле да ве растажат како песните кои ве потсетуваат на старата љубов, фотографиите од личности кои не се повеќе со вас или личности кои имаат тешка животна сторија. Заштитете го вашето срце од кршење, бидејќи тоа тешко ќе заздравува.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потсетете се на вашите успеси од изминатиот период, тоа ќе ви ја зголеми мотивацијата. Не дозволувајте луѓето да ги потценуваат вашите постигнувања за да си ги величат сопствените. Можеби тоа е она што ве демотивираше во изминатиот период.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес црпете идеи од она што го визуализирате во вашата глава кога ќе ги затворите очите.
Кога би можеле да имате што и да посакате, што би посакале? Испратете ја вашата желба кон ѕвездите и тие ќе се обединат за да ви ја реализираат во периодот кој доаѓа. Ова е многу поволен период за вас.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вие сте личност која може да им го разубави денот на луѓето со широката насмевка, а денес буквално ќе им ги топлите срцата. Нема да ви пречи да дадете комплимент, да ја заобиколите вистината или дури и малку вештачки да се насмеете за да ги усреќите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ако сте во врска, пред вас се романтични мигови кои ќе ја карактеризираат хармонијата со саканата личност. Тоа за вас ќе биде душевна храна , па нема да ви недостасува мотив за извршување на обврските. На работа ќе забележите одлични резултати.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако страста го диригира односот со саканата личност, меѓу вас ќе изостане емотивна поврзаност, на слободните ќе им се насмее среќата, а интересот ќе дојде од повеќе страни. На професионален план буквално брилирате, а претпоставените ќе го наградат вашиот труд.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На повидок се некакви промени. Новото познанство ќе ви донесе нови промени во животот, искористете го тоа во ваша полза. Наплив во вашите карактеристики ќе забележете периодов, затоа, ќе мора да ги исфрлите стравот и колебањето ако сакате да успеете.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Чувствате дека нешто ви недостига за да бидете задоволни од вашиот живот. Веќе долго време ве мачат мислите за личноста која не ви ги возвраќа чувствата и тоа ве растажува. Не обидувајте се по секоја цена да ги остварите вашите цели бидејќи можете да се разочарате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не ја прифакајте понудата која нема да ви донесе успех. Обидувајќи се да најдете соодветно решение се преоптоварувате со непотребни работи. Конечниот резултат зависи од вашето лично залагање и дипломатски способности.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Дилемите на работно место периодов се актуелизираа и најверојатно ќе ве окупираат до викендот, затоа наврмено подгответе си стратегија. Енергични сте и нетрперливи, а тоа периодов не ви оди во прилог. Вклучете го разумот, само така ќе го извлечете најдоброто од престојните ситуации.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Во хармонија сте со себеси, а тоа го должите на ѕвездите чија положба периодов е многу добра за вас. На работите гледате оптимистички, и без да се колебате, ги прифаќате дури и посериозните предизвици. Ако верувате дека убавите нешта се од вас, тогаш сте во право.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП