30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТалески е нов член на Рајн Некар

Талески е нов член на Рајн Некар

taleski-rnl

Ракометниот шампион на Германија Рајн Некар Левен објави дека ја договорил соработката со најдобриот млад ракометар во Македонија, Филип Талески.

Рајн Некар според договорот кој е потпишан на услугите на Талески ќе може да смета од јуни 2018 година. Талески и бундес шампионот потпишаа тригодишна соработка.

„Секој млад ракометар сонува да игра во Бундеслигата. Јас не само што го исполнив тој сон, туку ќе играм и за еден од најдобрите тимови во Европа“, рекол Талески за клупската интернет страница.

Задоволство од потпишаниот договор не го криеја ниту челниците на клубот од Мајнхајм, во чии редови игра репрезентативниот колега на Талески, Дејан Манасков.

„Воодушевени сме што Филип го одбра Рајн Некар. Тој е голем талент и горди сме што одбра следниот чекор во кариерата да го направи кај нас“, рекол спортскиот директор Оливер Рогиш.

Иако договорот важи од 2018 година, Рајн Некар ќе се обиде и порано да го донесе Талески во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП