27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕдна слика со која се покажува трагедијата во Меделин

Една слика со која се покажува трагедијата во Меделин

medeli33

Фотографијата на тројца фудбалери на Шапикоенсе, кои во клупската соблекувална тагуваат по загинатите соиграчи со молскавична брзина го обиколи светот.

Тројцата фудбалери поради повреди, односно суспензија, не биле меѓу патниците за Меделин, во чија близина во авионска несреќа загинаа 77 лица, од кои 18 играчи на бразилскиот клуб.

Самата слика ја покажува големината на оваа трагедија. Тројцата фудбалери седат на своите места во празната соблекувална.

Фудбалерите на Шапикоенсе со комерцијален лет патувале во Меделин на првиот финален меч во Копа Судамерикана против Атлетико Насионал.

Четири лица ја преживеале трагичната несреќа: фудбалерите Алекс Рушел и Џексон Рагнар Фолман, новинарот Рафаел Хенцел и членката на екипажот Химена Суарез, додека голманот Данило им подлегнал на повредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП