18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе урна авион со бразилски фудбалери

Се урна авион со бразилски фудбалери

plane

Авион кој превезувал бразилски фудбалери се урнал во близина на градот Меделин во Колумбија, а светските медиуми пренесуваат дека во несреќата има и загинати.

Авионот кој се урнал кај Меделин го превезувал фудбалерите на Шапикоенсе, а според сеуште непотврдени информации тој се урнал поради недостиг на гориво.

Најмалку десет лица биле повредени и тие веднаш биле хоспитализирани, додека сеуште не е познат вкупниот број на настрадани.

Во авоинот вкупно имало 72 патници и девет членови на екипажот.

Авионот од типот Аероспејс 146 полетал од Сао Паоло, еднаш слетал на аеродромот во Санта Крус де ла Сијера, во источна Боливија, а потоа продолжил кон Колумбија. Инаку со овој авион пред десетина дена патувале фудбалерите на аргентинскиот национален тим.

Бразилските медиуми поренесоа дека контролата на летање го загубила контактот со авионот по полноќ, според локално време и дека тој се урнал неколку моменти пред да слета.

Фудбалерите на бразилскиот тим во Колумбија требало да играат против локалниот Атлетико Насионал во првиот финален натпревар во Копа Судамерикана, пандан на европската Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП