28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Нов трипл дабл на Вестбрук

НБА: Нов трипл дабл на Вестбрук

vestbryjk3

Расел Вестбрук ја продолжи импресивната низа од почетокот на сезоната во НБА лигата. Бекот на Оклахома сериозно ја истакнува кандидатурата за МВП на сезоната бидејќи во првите 19 натпревари во просек бележи „трипл дабл“ на секој натпревар.

Оклахома победи во Њујорк 112:103, го забележа 11-от триумф во 19-от натпревар сезонава. Вестбрук забележа нов „трипл дабл“, кој е негов 45-ти во кариерата.
Бекот на Оклахома натпреварот го заврши со 27 поени, 18 скокови и 14 асистенции. Неверојатен е податокот дека Вестбрук во првите 19 мечеви во просек бележи „трипл дабл“ на секој натпревар (30,9 поени, 11,3 асистенции, 10,3 скока).

Вицепрвакот Голден Стејт ја преживеаа Атланта и благодарени на двете блокади на Дрејмонд Грин во последните 44 секунди ја победи Атланата 105:100. Кевин Дурент оствари 25 поени и 14 скокови, Стеф Кари уфрли 25 поени, а Клеј Томпсон 20.

Резултати: Сакраменто-Вашингтон 101:95, Мајами-Бостон 104:112, Торонто-Филаделфија 122:95, Минесота-Јута 103:112, Мемфис-Шарлот 85:104.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП