20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФиорентина загуби од Интер (видео)

Фиорентина загуби од Интер (видео)

542765349583ca88e25df2215440130_w640

Интер ја победи Фиорентина со 4:2 во последниот натпревар одигран во рамките на 14.коло, во Серија А.

Екипата на Стефано Пиоли одигра еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезона, а победата ја најави во воведните 30 минути.

Брозовиќ од првиот вистински напад на мечот го отвори резултатот, а потоа голови постигнаа Кандрева и Икарди.

До крајот на првиот дел Фиорентина го намали резултатот со голот на Калиниќ. Виолетовите, веднаш на стартот на вториот дел останаа без исклучениот Родригез, но и покрај тоа Фиорентина постигна уште еден гол, Иличиќ намали на 3:2

Конечниот резултат го постави Икарди со својот 12-ти гол во сезоната.

По 14 натпревари Интер е осми со 21 бод, а Фиорентина со бод помалку е веднаш зад него. Лидер на табелата е Јувентус со 33 бода, четири повеќе од Рома и Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП