19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАзар: Конкуренти ни се Сити и Ливерпул, не и Арсенал

Азар: Конкуренти ни се Сити и Ливерпул, не и Арсенал

1199565261583c003b4f0ca929728425_w640

Најдобриот играч на Челзи, Еден Азар, смета дека само Ливерпул и Манчестер Сити ќе му конкурираат на неговиот тим во борбата за титулата во Премиерлигата. Белгиецот со оваа своја изјава ги исклучи од шампионската трка градските ривали Тотенхем и Арсенал, но и Манчестер Јунајтед.

„Сити и Ливерпул се добри тимови, а доколку ја сакаме титулата ќе мора да завршиме пред нив на табелата. Наредната недела ќе играме против силниот Сити, но и покрај тоа сакаме да ја продолжиме серијата на победи. Полни сме со самодоверба“, рекол Азар по триумфот над Тотенхем (2:1).

Челзи се наоѓа во серија од седум победи во превенството, а последната екипа која го победи Челзи е Арсенал (3:0) пред речизи два месеци.

„Пред два месеци не бевме подготвени, но сега добро знаеме што треба да правиме. Го даваме максимумот на секој натпревар“, дополнил Белгиецот.

Фудбалерите на Челзи по 13 одиграни натпревари со 31 бод ја предводат табелата во Премиерлигата. „Сините“ имаат бод повеќе од Ливерпул и Сити, три од Арсенал и седум од Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП