10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрзиман: Не може од Атлетико во Реал и обратно

Грзиман: Не може од Атлетико во Реал и обратно

grizmanco3

Антоан Гризман, играч на Атлетико Мадрид, за шпанските медиуми изјавил дека помеѓу градските ривали, постои пакт, помеѓу Реал и Атлетико да не купуваат играчи едни од други.

„Точно е дека сакам да освојувам трофеи, но не можам да се преселам во Реал. Не поради ривалството туку поради пактот кои го имаат склопено двата клуба да не си земаат играчи“, рекол Гризман.

Францускиот репрезентативец потенцирал дека добро се чувствува во Атлетико и дека целта не му е што поскоро да го напушти клубот. Тој напомнал дека му се допаѓа ПСЖ, велејќи дека станува збор за интересен клуб, но дека не сака да игра во Франција, туку во Шпанија или во Премиерлигата на Англија.

Антоан Гризман во Атлетико пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП